Не работат термалните камери, коишто треба да бидат главниот безбедносен систем на граничните премини на Македонија, – тврди техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски во вчерашното гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Телевизија Алфа.

Полициските станици на граничните премини немаат доволно човечки ресурси, а освен тоа таму термалните камери не работат, што е сериозна работа којашто треба да не загрижи сите. Термалните камери ги имале на неколку пункта, а опсегот е значително голем и може да констатираат движење на, како што ми беше кажано од еден од началниците таму, глушец да помине ќе го детектира или пак можеме по физикус и локалните жители да ги препознаеме. Јас се прашувам дали намерно го правеле ова цело време за да му помогнат на шверцот, не за да одмогнат, истакнува министерот Тошковски.

Според информациите коишто ги сподели Тошковски, најмалку 6 години не функционираат овие термални камери, информација којашто ја добил од командирите на северната граница на Македонија.

Системот е уништен. Систем нема и ова се страшни факти кои што беа посочени до мене. Говорам за тоа што го констатирав со свои очи на северната граница. Доколку не е така нека излезат и нека ме побијат со факти. Нека кажат дека има доволно човечки капацитети, нека кажат дека има доволно возила. И да не биде само ова, имаме друга полициска станица Јагуновце, немаат ниту еден компјутер за работење. Имаат само еден компјутер за безбедносните камери и истиот го користат и за изготвување документи. Од пет полициски станици кои што ги посетив на граничните премини, само една била посетена од министер за внатрешни работи и тоа во 2016 година, рече Тошковски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.