Слоганот „Да, тој доаѓа“ се најде на социјланите мрежи споделуван од активисти на ДУИ. Се шпекулира дека можеби станува збор за кампања со која партијата го најавува премиерот Албанец во техничката влада или сличен проект.

Засега нема информации од ДУИ во врска со значењето на слоганот.

ДУИ имаше кампања за премиер Албанец на парламентарнинте избори во 2020 година, со називот „Псе јо“, во превод, „А зошто да не?“.

Вицепремиерот Артан Груби неодамна во интервју за косовската телевизија Дукаќини изјави дека договор меѓу Али Ахмети и Зоран Заев за албански премиер уште важи и во новата влада на Димитар Ковачевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.