Тоа што ВМРО-ДПМНЕ го направи за образованието антимакедонската СДС не може да го искречат, а платите ги зголемивме и до 110%, велат од ВМРО-ДПМНЕ, од каде што реагираат на соопштението на СДСМ дека платите во образованието во време на ВМРО-ДПМНЕ се зголемени за 4%.
Зголемување во висина од 60% беше направено за највисоките плати, а 110% за најниските плати, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Во време на ВМРО-ДПМНЕ се реновираа студентските домови „Стив Наумов“ и „Гоце Делчев“. Антимакедонската СДС нема започнато ниту едно ново реновирање, а ветуваше студентски град.
Над 150 спортски сали беа направени, и најголемиот број на училишта беа реновирани.
Сега Македонија тоне на образовен план. Нема ниту свидетелства, ниту учебници.
Македонија нема еден универзитет во првите 1.000 на Шангајската листа.
Со антимакедонската СДС образованието ни е како во Африка, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.