Тимот на Армијата за пребарување и спасување кој вчера во доцните попладневни часови пристигна во Карахкамраш која е една од областите кои се најповеќе погодени од катастрофалните земјотреси кои се случија во Турција, во текот на денешниот ден ги отпочна активностите за преребарување и извлекување на жртвите.

Армискиот тим составен од 24 армиски припадници од составот на баталјонот за специјални сили и двајца инструктори од командата за обука и доктрини со две службени кучиња заедно со сите вклучени го пребаруваат теренот во градот Кахраманмарас и пожртвувано се ангажираат на пронаоѓање и извлекување на евентуално преживеаните кои се наоѓаат во рушевините.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.