Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски се сретна со амбасадорката на Германија, Петра Дрекслер, што претставува прва заедничка средба на двајцата соговорници по именувањето на министерот Муцунски на функцијата, соопштија од МНР.

Муцунски изрази голема благодарност за безрезервната поддршка и посветеност на Германија на нашиот пат кон ЕУ, потенцирајќи дека новата Влада е силно фокусирана на европските интеграции и на спроведувањето на реформите. Соговорниците разменија мислења и во однос на сојузништвото во рамки на НАТО, со посебен акцент на соработката во рамки на претстојниот Самит во Вашингтон. Воедно, беше оддадено признание за нашиот досегашен значаен придонес кон колективната безбедност, мир и просперитет на целата трансатлантска област. На средбата беше искажано заемно задоволство од развојот на одличните билатерални односи, кои двете пријателски земји во континуитет ги негуваат во изминатиот три-децениски период, со заложби за продлабочување на соработката во периодот што следи, истакнаа од МНР.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.