Пред самитот на ОБСЕ на неформална вечера во Скопје присуствувале државниот секретар на Соединетите Американски Држави Ентони Блинкен и шефовите на дипломатиите на Европската Унија и Британија Жосеп Борел и Дејвид Камерон, по што тројцата побрзале да ја напуштат Македонија пред во земјата да слета авионот на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.
Главните пораки на дводневниот самит на ОБСЕ кој денес и утре се одржува во Скопје се промоција на безбедноста, стабилноста и соработката меѓу државите.
Авионот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров слета синоќа во Скопје. Иако Бугарија го отвори воздушниот простор за него, Лавров ја избегна Бугарија и во Македонија влезе преку Грција, поради забраната за неговата портпаролка Марија Захарова.
Блинкен, Борел и Камерон избегнаа да се сретнат со рускиот министер за надворешни работи.
„Ќе присуствувам на вечерата, но ќе морам да се вратам брзо поради други состаноци во Брисел“, кажа Борел. „Лавров треба да слушне од сите зошто ја осудуваме Русија и ја изолираме. Ова е добра прилика за тоа да го слушне директно од учесниците на собирот, а потоа може да се врати и да му каже на господарот на Кремљ дека ЕУ и ОБСЕ остануваат против агресивното однесување на Русија“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.