Тензичната атмосфера на релација Русија-ЕУ на Самитот во ОБСЕ и натаму трае. Портпаролката на руското МНР, Марија Захарова, објави фотографија која тврди дека е направена во салата „Борис Трајковски“. На местото каде треба да седне министерот на Русија, Сергеј Лавров, бил оставен лист на кој пишува „Резервирано за НАТО“ на англиски јазик.
На масите во салата за состаноци на Советот на министри за надворешни работи на ОБСЕ има јасна манифестација на она за што зборуваше Сергеј Лавров во својот говор: под притисок на САД, логиката на ОБСЕ се заменува со агресивната идеологија на НАТО, пишува Захарова.
Во меѓувреме, Лавров ја напушти просторијата, каде што се одржува состанокот на Советот на министри за надворешни работи на ОБСЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.