На 100 дена пред парламентарните избори на 8 мај, Македонија ќе ја добие третата преодна Влада воспоставена со Пржинскиот договор. За премиер на техничката Влада е предложен Талат Џафери, од Демократската унија за интеграција.

Владата ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Мандатот на преодната Влада трае од изборот, па, се до објавувањето на конечните резултати од Државната изборна комисија за изборите за пратеници.

Основна задача на преодната влада е организирање фер и демократски парламентарни избори.

Во преодната Влада министер за внатрешни работи и министер за труд и социјална политика предлага опозициската партија со најголем број пратеници (ВМРО-ДПМНЕ). На предлог на премиерот Собранието именува дополнителни заменици на министрите за внатрешни работи и за труд и социјална политика од редовите на власта (СДСМ), но и од опозицијата и тоа во ресорите финансии, земјоделство и информатичко општество и администрација.

Техничкиот министер за внатрешни работи ќе може да изврши најмногу 15 разрешувања или распоредувања на пониско или повисоко место на носители на раководна позиција во Министерството. Доколку постави нови раководители, тој има должност на предлог на дополнителниот заменик-министер да именува и нивни заменици. Тие двајца имаат врзани потписи. Доколку некој акт е потпишан само од едното лице, тој нема да биде важечки. Министерот има право да ангажира лица за потребите на својот кабинет. Може да врши и хоризонтални распоредувања на вработените.

Ова ќе биде трета преодна Влада во земјата. Првата беше предводена од Емил Димитриев и поради тоа што не можеше да се формира подолго време Влада, тој ја предводеше техничката влада од 18 јануари 2016 до 1 јуни 2017 година.

Првиот технички премиер Емил Димитриев, кој на таа фукција наместо сто дена како што беше договорено во Пржино, остана 16 месеци денеска за Утрински брифинг вели дека е потребно да го издигне

Втората преодна Влада ја предводеше сегашниот министер за внатрешни работи во оставка, Оливер Спасовски и тоа од 3 јануари 2020 до 30 август 2020 година.

Денот на полицијата претставува симбол на пожртвуваноста, одговорноста, храброста, моралот – карактеристики што треба да ги развива секој поединец кој положил заклетва пред сината униформа, п

Четирите најголеми партии на 2 јуни 2015 година постигнаа договор 100 дена пред наредните парламентарни избори со државата да раководи влада за спроведување избори.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.