Уште едно лице вечерва е уапсено поради сомнени дека е инволвирано во убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Неофицијално се работи за таткото на на Вања, Александар. Република се обрати до МВР за потврда на ваквата информација, но одговор сѐ уште нема. Неофицијално засега за него не се бара притвор, а распитот сѐ уште трае.
Таткото го пријавил исчезнувањето на девојчето, втор, околу 11 часот во понеделник откако истото го сторила и мајката, рано утрото откако девојчето не стигнало во школо.
Од вчера уапсените 5 луѓе, тројцата се во притвор, а двајца се пуштени, поради немање докази, т.е. поради неповрзаност со киднапирањата и убиствата. Еден од осомничените е недостапен, и е надвор од Македонија, но со патека на бегство лоцирана од Интерпол и МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.