Со клекнување и мети на грбот мирниот македонски народ му покажа на светот, им покажа на провокаторите дека е мирен, дека не сака и не прифаќа насилство и дека оние кои пукаат пукаат во голораки невооружени луѓе.

Ние сме револтирани, многу сме револтирани, но не сме насилни порача претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ Сергеј Попов и ги повика присутните да седнат на земјата и да го искажат непокорот и пркосот.

По ова на сцената се качи актерот Сашо Тасевски кој ја поткрена масата со громогласно НЕ!

Сo НЕ! НE! НE! Тасевски пред присутните истакна дека францускиот предлог содржи бугарски шовинистрички антимакедонски помии, порачувајќи дека истиот  го носи македонскиот народ кон обезличување.

НЕ за бугарски шовинистрички антимакедонски помии, кои ги прошверцуваа во разни европски француски предлози и договори кои треба да го однесат македонскиот народ по патот на обезличувањето, а можеби и исчезнувањето, дециден е Тасевски.

Тасевски упати порака до Бугарија и нагласувајќи дека од Македонец, Бугар НЕ БИДУВА, ниту пак во најлошиот кошмар.

Не! ЕУ го изневери македонскиот народ. Ни прати некои мажи кои сакаат да се облекуваат во фустанчиња кои самите не знаат што се, а сакаат од нас да потпишеме нешто што знаеме дека не сме. Еве им порака до нив и Бугарите, од Mакедонец, Бугар не бидува. Анте Поповски пееше: со векови бев уплашен со ножот на туѓата рака. Сега овој час сум уплашен со ножот на својата рака во своите плеќи, рече Тасевски.

Исто така Тасевски испрати порака и до Ковачевски, Заев, Маричиќ дека може да потпишат секакво предавство, но тоа нема да ги направи поголеми Европејци од македонскиот народ, укажувајќи дека се продадени души и робови на Софија и Брисел.

Таче, Заев, Маричиќ можете да потпишете секакво предавство, но тоа нема да ве направи поголеми европјани од нас, нема да ве направи ниту понапредни, ниту попаметни. Со тоа само ќе покажете ако потпишете дека сте изродени кукавици кои за пет пари плукнале врз сите залети на нашите прадедовци,. Продадени души кои повеќе никој не сака да ги прекупи. Робови на Софија и Брисел, ете тоа сте вие. Не сакате да бидете Македонци, не ни можете, но треба да знаете една работа Македонија не дава да биде продадена, ако ја продадете ќе ги изгубите и парите и Македонија, порача Тасевски.

На Европа ѝ порача да се засрами и дека нема да се продадеме.

Тој вечерва прв се обрати пред насобраниот народ кој веќе шест дена протестира против прифаќањето на францускиот предлог за бугаризација на Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.