Каква врска има тоа што некој лекар кој спасил нечиј живот, живот на дете, од друга страна правел нешто неморално или криминално. Што треба?
Да не понесе одговорност? Да не се гони или критикува?
Ние како јавност сме стварно дибидус прости и лесни за манипулација, пишува актерот Сашо Тасевски на својот фејсбук профил.
Исто беше со оној кардиологот. Тој милиони правеше со триста дубари, ама немојте, па спасил нечиј живот.
Па дајте ми мене да им оперирам срце на десет души за пари, ќе ми се трефне, еден ќе спасам. Треба да не одговарам што сум учел за операции на срце од Шекспир?
Така, сега исто со докторката.
Немам ништо против неа.
Баш ништо.
Се знаеме и лично.
Не навлегувам дали е вистина тоа за дежурствата нејзини или не.
Мене ме пиздат идиотските спинови и пропаганди.
Немојте така кон неа, па ми го спаси овој ми го спаси оној. Не заслужува така.
Никој од нив не вели, дајте да видиме дали е вистина тоа. Дали направила прекршок, дали злоупотребила должност, дали згазила етика…
Па и да се утврди ако некој ја мести, зошто ја мести.
За греота, сме благо речено.
Ете тоа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.