Вакви имбецили никогаш не ја воделе Македонија, вели актерот Сашо Тасевски реагирајќи на произволниот датум до кој „мора“ да се променат личните документи со „Ceверна Македонија“.

Тој ја пофали кривичната пријава што вчера ја поднесе Олгица Трајковска:

Во право е жената што ги тужела Таче и Заев за документите, си знае право и добро е што не подучи.
Ако пред една гидина си извадил нова лична карта која трае 10 години и државата сега ти вика не важи тоа што сум гарантирала, ќе си вадиш нова и ќе си платиш за новата, тоа е измама. Државата се стекнува со материјална корист на штета на граѓаните. И тоа баш пред избори.
Имаме право сите да тужиме. Поединечно. Бесплатно. Дури таа жената се понуди секој што сака да тужи да и се обрати ќе му прати копија од нејзината тужба.
А во меѓувреме Грција не сменила ниту еден патоказ на кои се уште сме Скопија.
Вакви имбецили никогаш не ја воделе Македонија.
Тие се поголеми од самата имбецилност.
На имбецилноста и е срам од нив, вели Тасевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.