Вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21, лидерот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари рече дека со менувањето на изразот „20%“ со „албански јазик“ во Уставот, „Македонците би покажале респект кон сограѓаните“.

Тој вели дека тврдењата на опозицијата дека тоа ќе донесе бинационализација на земјата, се „приказни за мали деца“.

Употребата на јазикот е решена работа. Тука работата е дали ќе покажете дека имате респект кон сограѓанинот. Да не се нарекува јазикот кој го зборуваат 20%. Ако гледате параноично некој ќе направи конструкции како сака. Тоа се приказни за мали деца дека ќе има конфедерација или бинационализација“, рече Таравари.

Додаде дека македонски партии имаат тенденции да добиваат албански гласови, како што тоа беше со СДСМ, притоа говорејќи за ВМРО-ДПМНЕ дека ќе мора да покаже респект кон Албанците, ако сака во иднина да добива гласови од нив. Таравари кажа и дека е уверен оти ВМРО-ДПМНЕ во последен момент ќе се премисли и дека ќе поддржи уставни измени кои се неопходни за продолжување на патот кон ЕУ. Смета дека нема некаква соработка со Мицкоски по влегувањето во Владата, и дека се немаат видено 5-6 месеци.

Се плашам дека ќе се разидат патиштата со Албанија ако не се отвори Уставот, што не е добро. Стравувам дека ќе ни се случи нов Букурешт кога Албанија и Хрватска влегоа во НАТО, а ние останавме да чекаме. Сега да се случи Албанија да го продолжи патот, а ние и натаму да останеме назад“, рече Таравари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.