Договорот за коридорите кој е доставен од страна на свикрачи до нас се гледа дека Владата, Артан Груби и Ковачевски само за некој ден на власт преземале обврски кои не можат да ги преземаат, истакна пратеникот и член на ИК Миле Лефков во вечерашното гостување во емисијата „24 Анализа“ на Телевизија 24.

Овој пакет на закони во Собрание пристигна со злоупотреба на европското знаменце. Правната рамка која ги регулира односите помеѓу Македонија и Европската Унија е спогодбата за стабилизација и асоцијација а институционалната и легислативната рамка произлегуваат од одредени документи како што е националната програма за усвојување на правото на ЕУ“, рече Лефков.

Лефков посочи дека доколку се погледнат овие документи нема никаде да се пронајдат законите кои стигнаа во Собрание. Никаде нема да ги најдете затоа што нема ниту една директива ниту пак една регулатива која што овие законски решенија се усогласуваат.

Дополнително поразително е тоа што во сите воведи од законите пишуваше дека законот кој е донесен за стратешки партнер е причина за внесување на овие закони што е апсолутно неточно. Причина за донесување на овие закони е самиот договор кој се крие од јавноста“, кажа Лефков.

Тој додаде дека денес на предлог законот за измена и дополнување на законот за утврдување стратешки интерес и номинирање партнер имавме предлог само еден амандман. Во членот 6, Договорот да биде јавно објавен во Службен весник затоа што граѓаните заслужуваат да знаат што договарала Владата.

Со ваквата злоупотреба на европското знаменце, закони и суспендирање на законодавството и криењето на договорот навистина се отиде предалеку и навистина лукративните интереси на оние кој ја извршуваат власта веќе станаа очигледни. Јавноста повеќе од сигурна е дека позади сето ова стојат навистина финансиски лукративни интереси“, посочи Лефков.

Лефков изјави дека не се суспендираат 5 закони туку многу повеќе закони се суспендираат.

Со законот за работни односи се повреди една цивилизациска предност. 48 часовната работна недела се напушти која е прифатена секаде во Европската Унија. Да не зборуваме дека се суспендираат дозволите за градба и урбанистичко планирање, со законот за експропријација дивоградбите се изедначуваат со оние што имаат целосна техничка документација“, дециден е Лефков.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.