Министерот за здравство и претседател на Алијанса за Албанци, Арбен Таравари, при посета на Клиничката болница во Тетово изрази надеж дека за шест месеци може да почнат преговорите со ЕУ.
Таравари изјави дека надежта ја темели поради таквиот заеднички став во Владата.
„Вреди“ повторно инсистира дека Македонија мора да ги почне преговорите, Македонија нема друга алтернатива освен ЕУ. Кажавме рок од шест месеци, дека „Вреди“ ќе направи се да започнат преговорите. Добро е што Албанија започна, меѓутоа лошо е што ние се разделивме. Од друга страна треба и да разбереме дека и од бугарска страна нема Влада, очекуваме избори таму да има. Јас се надевам дека ние ќе изнајдеме решение и „Вреди“ ќе биде акцелератор и тригер за да што поскоро Македонија почне со преговорите со ЕУ. Јас колку што знам и премиерот е за започнување што побргу, и тој е за ЕУ како и сите што сме во Владата, изјави Таравари.
Таравари изјави дека како министер за здравство, во Тетово дошол да ги посочи инвестициите во првите сто дена од владата.
Монтирани се пет нови лифта – три на одделот за хирургија и два на одделот за интерна медицина, конструкција и санација на кровната конструкција на интернистичкиот блок, се во вредност од 20 милиони денари.
Лифтовите се ставени во употреба, покривот на интернистичкиот дел е готов. Имаше комбинирана инвестција во амбулантите на хируршки клиники, на Клиничка болница и Компанијата Еколог. Инвестиција од Еколог за амбуланти на интерно. Тетово станува еден од приоритетите бидејќи децентрализацијата регионализацијата ни е многу битна, изјави Таравари.
За идната година Таравари арбнајави нова апаратура, инвестиции на одделот за педијатрија, електронска архива како и нова зграда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.