На политичката сцена во Македонија во моментив се прикажува класичен систем на политичка корупција и политичка проституција, оценува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски. СДСМ и ДУИ се обидуваат по секоја цена да внесат нови политички партии во Владата, а според него, тоа претставува куплерај, поради кој изборите губат смисла.
Која е поентата да има избори и по избори сите да сакаат да влезат во влада. Тогаш нема поента од избори, коментира Николоски на гостувањето на емисијата „Заспиј ако можеш“ што се емитува на телевизија Алфа.
 
Николоски посочи дека дека Алијанса за Албанците е уценета, а овој Таравари не е истиот од претходно.
На локалните избори Алијанса помина катастрофално во Тетово. Таравари намерно го намести Зијадин Села имајќи предвид дека Таравари во Тетово и Гостивар е повлијателен и намерно не сработи. Села мораше да замине, тоа беше првиот чекор. Вториот чекор во скопско Тафталиџе му беше поклонета куќа од 261 квардат на Таравари и третиот чекор, тој ја внесува Алијанса во Владата. За мој вкус многу евтино се продадоа, посочи Николоски. 
 
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ најави дека подготвуваат документи за други челници од Алијанса кои наведуваат дека „таа партија е искорумпирана“. 
 
Сакаат да влезат во Влада да доискрадат. Значи има само политичка проституција и политичка корупција во Алијанса, укажа Николоски.
Николоски заклучи дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ е дека за решавање на кризата е да се оди на избори.
На избори ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, жално е што Македонија ќе изгуби уште неколку месеци, рече тој и додаде дека ако следната година заедно се одржат претседателските и парламентарните избори, партијата ќе има двојна победа.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.