Министерот за здравство, Арбен Таравари, одговорајќи на новинарско прашање во врска со вчерашната поплава која се случи во две операциони сали во ГОБ „8 Септември“, изјави дека по поплавата веднаш е интервенирано од компанијата која ги одржува салите.
Таравари потврди дека за ова ќе се сноси одговорност.
Поплавата се случила вчера, за денеска немам информации. Секако, веднаш е интервенирано од компанијата која што ги одржува салите, односно прави сервис на салите. Денеска добив информација дека сме на пат на решавање на тој проблем. Нормално, одговорност ќе има, рече Таравари.
На прашање дали ќе има одговорност и за хируршките клиники, со оглед на тоа што компресорот требало да биде сменет пред три, четири години, Таравари одговори дека компресорката станица е изградена некаде пред 32-33 години, а последниот сервис е направен во 2015 година.
По информациите кои што ги добивам, компресорката станица е изградена некаде пред 32-33 години, секои десет години е сервисирана. Последниот сервис ако не се лажам е направен во 2015 година. Сервис морало да се направи на секои десет години, така што не е дека не е сервисирана, туку проблемот е што се амортизира. Едноставно, одредени работи по одредено време веќе не функционираат како што треба, изјави Таравари, по средбата со амбасадорката на САД, Анџела Агелер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.