Министерот за здравство Арбен Таравари денеска има средба со претставници на специјализантите кои ќе бараат одговори од него како ќе се спроведе планот на Владата за нивно вработување. Таравари утрово беше во посета на Детската клиника и притоа изјави дека негов приоритет било да најде решение за специјализантите и оти оваа година од вкупно 647 ќе бидат вработени 300, но за тоа ќе треба да бидат воспоставени критериуми.

Јас сум многу среќен што успеав првиот месец да изнајдеме решение. По информација на Министерството тоа помина во Влада, од вкупно 647 специјализанти 300 ќе бидат вработени оваа година. Сега треба да поставиме критериуми и потоа да побараме кај има интерес во јавните здравствени установи и 300 други ќе останат за идната година. Во меѓувреме, следната моја заложба ќе биде да видиме и овие коишто подолг период, посебно, среден медицински персонал кои подолг период работат и немаат решение за работа да најдеме и за нив решение за до крајот на годината и тие да бидат редовно вработени – рече Таравари.

Според него, за тие вработувања нема да се чека новиот Буџет.

Нема да се чека новиот буџет. Ќе се обидеме во склоп на овој буџет да успееме да го менаџираме тоа. Меѓутоа, ни треба време да се синхронизираме и со другите министри. Јас сум оптимист дека и оваа работа како и со специјализантите, како и со позитивната листа ќе ја завршиме – рече министерот за здравство.

За лекарите што чекаат шестмесечна задолжителна пракса вели дека се уште не се видел со нив и дека немало барање за средба со нив.

Таравари, одговарајќи на новинарско прашање, кажа дека и денеска не се сретнал со медицинската сестра за која се тврдеше дека повредила бебе на Клиниката. Медицинската сестра не била на работа, но се видел со Комисијата, но не се согласи со тврдењата дека медицинската сестра е „оцрнета“. Од сознанијата што ги има поредата не настанала намерно.

Ова е трет пат што доаѓам на Клиниката за педијатрија откако се случи тој случај. Прво, дојдов тука па после отидов во домот на детето. Втор пат дојдов, денеска е трет пат и сакав да ја видам повторно, таа не беше присутна на работа. Меѓутоа, добро е што се видов со Комисијата која што беше определена од колективот и од директорот. Земав информации и повторно ќе има обид од мене да се видам и со пациенти коишто се жалат и со медицински работници коишто некогаш можеби се под притисок. Верувајте и на отворена линија кога ќе ми се јават јас одам и ги посетувам пациентите и ќе продолжам, а не јавно допрен глас, секогаш јас вработен во здравството, еден од здравствените работници, знам какви незгодни случаеви може да поминеме, меѓутоа секогаш треба да сфатиме и да разбереме дека во центарот на здравствениот систем и н со неа. Меѓутоа, сега имам доволни информации и гледам дека можеби и најверојатно според тоа што го кажуваат и дежурните доктори и болничарката и сестрата која што била заедноајбитниот елемент на здравствениот систем е пациентот и граѓанинот и секогаш тие треба да имаат приоритет. А дека сме оцрниле не е вистина. Ние отидовме кај нив. Јас и таа вечер кажав дека не би сакал да предрасудува, треба да ја слушнам и другата страна. Јас се надевам дека сестрата кога ќе дојдам четврти пат на педијатрија ќе ја видам или ќе ја сретнам и ќе разговарам и во дежурство дека не е намерно и јас посакувам и се надевам дека е така – рече Таравари.

Министерот за здравство Таравари кажа и дека ќе се обиде да најде решение за проблемот со немање лекар во Дојран.

За тоа дали поранешниот економски директор на Клиниката ќе ги врати парите што му биле исплаќани за плати по коефицинет како лекар, директорот на Клиниката Реџеп Мемеди рече дека за сите правни прашања кои не се случиле во неговиот мандат се занимава правниот застапник, адвокатот и за тоа рече дека новинарите информации може да побараат од правниот застапник. За тоа во која функција е поранешниот економски директор во неговата канцеларија, кој бил негов братучед, Мемеди рече дека „доаѓаат луѓе на посета, ми честитаат и тука нема никаква функција“.

Тој денеска присуствуваше на промоција на нов дел на невролошки амбуланти на Клиниката за педијатрија.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.