Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, во придружба на пратениците Елми Азири и Артина Ќазими, беа примени од премиерот на Република Косово, Албин Курти.
Тема на разговор секако беа настаните на северот на Косово, кои Алијансата за Албанците ги следи со загриженост и ги осудува дестабилизирачките структури таму.
На средбата, Таравари и Курти разговарале и за заедничките проекти меѓу Косово и Македонија, кои беа иницирани од страна на Приштина, потпишани меѓу двете страни, а кои се сметаат за важни за граѓаните и економијата на нашите две земји, но за жал наидуваат на стагнација од страна на институциите и Владата во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.