Алијанса за Албанците негира дека се договориле со премиерот Димитар Ковачевски за влез во Влада. Откако вечерва Клан објави дека в.д. лидерот Арбен Таравари договорил влез во Влада, тој тврди дека нема вистина во објавите.
Тоа што е објавено нема врска, чиста шпекулација се ресорите кои наводно се договорени – вели Таравари.
Клан, повикувајќи се на извори од АА, објави дека е постигнат договор за влез на партијата во Владата. Според нивната информација Алијанса се договорила нејзини кадри да ги предводат Министерството за здравство, Министерството за образование и наука, а таа евентуално може да го добие и Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство. Дополнително, според истите извори, партијата ќе добие и 30 директорски места во државни институции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.