Засега не е разговарано за влез во Влада. По изборот на претседател на партијата ќе го разгледаме тоа, изјави претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари по завршувањето на средбата со премиерот Димитар Ковачевски во Владата.

-Разговаравме за европскиот пат, борба против корупцијата, функционирањето на правната држава, европските закони што се блокирани во Собранието, за кои Алијансата цело време дава поддршка. Немаме официјални разговори за влез во Владата. Кога ќе има, ќе бидеме транспарентни и ќе го кажеме тоа, изјави Таравари и додаде дека во моментот нема ниту официјална, ниту неофицијална понуда.

 

Ги негираше информациите дека на маса се ставени бројни ресори што треба да бидат доделени на Алијанса за Албанците кога ќе влезе во Владата, но сепак, како што посочи, имаат нивни услови, ако евентуално започнат со преговори.

-Имаме црвени линии што би биле неопходни. Кажавме дека и како опозиција ќе ги презентираме пред цела јавност, а тие мерки ќе бидат наш услов за влез во Владата, додаде претседателот на Алијанса.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.