Министерството за образование и наука информира дека во текот на вчерашниот ден започна испораката на новите учебници за прво, второ, четврто и петто одделение во основното образование и истата ќе се заокружи во следните две недели.

До крајот на првото полугодие има неполн месец и половина.

Станува збор за 52 учебника изработени согласно нови наставни програми и напишани на сите јазици на кои се изведува наставата во основните училишта во државата – македонски, албански, турски, српски и босански јазик. Тие ќе ги заменат наставните материјали кои ги користат најмалите ученици, а ја обработуваат материјата за првото тримесечје.

Веднаш по овој приоритет, продолжува печатењето на повеќе нови учебници за средното стручно образование, велат од МОН.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.