Тешка одлука беше нашата партија Алијанса за Албанците да влезе во владина коалиција заедно со ДУИ. За среќа, нашите министри постигнаа успех, но не постигнавме успех со главната цел поради која влеговме во Владата а тоа е отпочнување на преговорите со ЕУ. Не дека нема шанси до изборите да се изгласаат уставните измени, но за тоа е мала веројатноста, вели во емисијата „Отворено“ на ТВ 24, лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари.

Таравари потенцираше дека не е за предизборна коалиција со СДСМ и ДУИ.

Сме разговарале на оваа тема со Ковачевски и со Ахмети, но и во партиските тела. Но, Македонија мислам дека не е подготвена за една предизборна коалиција на СДСМ, ДУИ и Алијанса, бидејќи со тоа повеќе би му помогнале на ВМРО и повеќе ќе му одмогнеме на СДСМ, отколку што ќе му помогнеме. Затоа СДСМ треба да си размислат на изборите да настапат сами, рече Таравари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.