Постои можност Алијанса за Албанците да стане дел од Владата, а ако тоа не се случи треба да се оди на избори, изјави лидерот на партијата Арбен Таравар во гостувањете во магазинот „Клик плус“ на ТВ21.

Таравари остава простор за две опции, едната како што вели, по сугестија на меѓународниот фактор дека не е време за избори и дека за прогресот на државата важни се уставните измени, и доколку тоа го бара членството на АА тогаш веројатно ќе станат дел од Владата.

Друга опција е да се оди веднаш на избори.

Постои можност за влез во Владата. Конкретна понуда нема, но ние сме во постојана комуникација. Гледате како е во Собранието. Мислам дека сме 60-60. Собранието не може да создаде мнозинство без помош на Алијансата. Ако не станеме дел од Владата, тогаш одиме на избори. Нема друго решение. Сепак, приоритет за нас се уставните измени и затоа сме спремни да станеме дел од Владата за да го помогнеме процесот, рече Таравари.

За односот на Алијанса за Албанците со опозициската ВМРО-ДПМНЕ, тој кажа дека во моментов двете партии се дистанцирани, иако има некое ниво на комуникација помеѓу пратениците.

Вели дека имало обиди пред неколку години за соработка со ВМРО-ДПМНЕ, дури и самиот лидер на партијата Христијан Мицкоски изразил жалење за настаните од 27 април, но последната година ВМРО-ДПМНЕ ја вратило националната реторика и станала слична на Левица.са/



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.