Изборот за претседател на државата во Собрание не е услов за формирање идна владина коалиција, туку предлог, идеја за која бараме да се дискутира и да се отвори поширока општествена дебата, вели претседателот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари.

Тој во гостувањето на Дневникот на Сител, посочува дека предлогот да се воведе позиција заменик претседател на државата не е негова туку на Али Ахмети од ДУИ. Во однос на предлогот за избор на шеф на државата во Собранието. Таравари посочува на примерот со изборот на првиот претседеател на Република Македонија 1990, 1991 година Киро Глигооров во Парламентот, за што смета дека е порационален начин на избор и поекономичен.

-Идејата наша не беше да се условува. Јас не кажав двотретинско мнозинство кажав обично мнозинство со 61 глас. Но сериозно треба да размислиме за ова. Претседателот на државата во Македонија нема некои ингеренции повеќе отколку во други држави слични како Македонија и во кои претседателот се избира во Парламентот. Зошто не би размислувале и зошто не би отвориле една дебата меѓу нас. Многу работи има кои не функционираат во државата. Ние сите сме свесни дека не оди како што треба. Многу работи за кои имаме спротивсатавнеи мислења добро е низ дебати да ги дискутираме помеѓу нас, повторно тоа што е најдобро за граѓаните, за државата така би одлучиле. Ова не е условување од мене како претседателски кандидат туку идеја која што ја предлагам и барам, и сакам да отвориме дебата меѓу кандидатите, меѓутоа и другите политички партии, вели Таравари.

Тој е дециден дека во неговиот говор не спомнал дека ова е услов за формирање идна владина коалиција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.