Кандидатот за претседател од коалицијата Вреди, Арбен Таравари, во придружба на потесното семејство го оствари правото на глас на избирачкото место во ООУ „Единство-Башкими“ во Гостивар.

Чест и задоволство е со моето семејство да гласаме, што ни е граѓанска должност. Посебно задоволство е што малиот син првпат гласа оваа година. Мојата порака до сите е овие избори да бидат фер и демократски и да победи подобриот. Ние секој резултат ќе го прифатиме. Атмосферата е добра, има ентузијазам и гледам дека граѓаните масовно излегуваа, што е добар знак за опозицијата, изјави Таравари.

На новинарско прашање за текот на изборниот процес и информации за попречувања, тој кажа дека има и во изборниот штаб се процесуираат.

Мислам дека не е сега моментот да се кажуваат тие неправилности. Навикнати сме на тие притисоци, купувања на гласови за коишто веќе има и видео-снимки. Меѓутоа тоа ќе ги објави нашиот штаб и веќе се известени сите релевантни институции во земјата и меѓународните претставници во Македонија, посочи кандидатот за претседател, Арбен Таравари.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.