Лидерот на АА и кандидат за претседател Арбен Таравари вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 порача дека да побарал да биде првиот премиер Албанец, ДУИ ќе прифателе, но сепак одлучил да го слуша гласот на народот.

Тој додава дека имал понуди од ДУИ.

Нудеа се. Да побарав да бидам прв премиер Албанец, и тоа би прифатиле. Да побарав да бидам заеднички кандидат за претседател, и тоа би прифатиле, но одлучив да го слушам гласот на народот, кој сака промени после 22 години, порача Таравари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.