Министерот за здравство Арбен Таравари рече дека не му допаѓа нивото на кое комуницира неговиот коалиционен партнер во Владата, Максим Димитревски, и не сака да го дискутира. Таравари, кадар на коалицијата Вреди, вели дека Димитриевски станал градоначалник на Куманово со помош на албанските гласови и дека наредната година има локални избори и пак ќе му бидат потребни тие гласови.
:
„Гледам дека господинот Димитриевски сака да поентира за да добива политичка поддршка. Јас го потсетувам дека пред три години беше избран како градоначалник со огромен број албански гласови, идната година се локалните избори, најверојатно повторно ќе му требаат. Нивото на кое што комуницира господинот Димитриевски воопшто не ми се допаѓа и не би сакал да дискутирам повеќе за тоа“, одговори Таравари
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.