Градоначаланикот на Гостивар Арбен Таравари доставил предлог ЗЕЛС и МОН во кој препорачува продолжена пауза за оваа учебна година која би траела во декември и јануари. Идејата е да се заштеди на трошоци и да се надмине енергетската криза.
Токму во овој период е најстудено, а се отвора можност да заштедиме енергија за затоплување. Во контакт со повеќе градоначалници, добив нивна поддршка и тие сметаат дека трошоците за струја ќе влијаат сериозно врз работењето на општините. Централната власт мора да се земе предвид овој предлог, бидејќи во зимскиот период овие трошоци ќе пораснат и ќе бидат сериозен удар врз државната буџетска каса, која е празна, рече Таравари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.