Потпретседателот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари не очекува Бугарија да го укинe ветото за Македонија на јунската средба на врвот на ЕУ. Тој рече дека опозициските партии ќе бараат да се одржат предвремени парламентарни избори во октомври годинава, ако Македонија сепак не добие датум за преговори, објави весникот на албански јазик „Лајм“.

Имајќи ги предвид сите можности и информации, кои ги добиваме од Брисел, многу е мала веројатност да биде кренато бугарското вето. Ова автоматски значи дека нема отпочнување на преговорите со ЕУ. Нам, како на опозиција, не ни преостанува ништо друго, освен да бараме предвремени избори. Го гледам расположението кај сите опозициски партии, и македонските и албанските, дека има расположение да се одржат избори кон средината или кон крајот на октомври. Гледам дека има одредено несогласување и незадоволство и внатре и во позицијата, кај партиите, кои се дел од власта. Ние комуницираме со партиите, кои се дел од власта, не со ДУИ и СДСМ, и гледаме расположение и стремеж кај некои пратеници кои ги претставуваат помалите партии, да си заминат. Но, ќе видиме како ќе се одвива тоа. Врз основа на ова партиските органи во Алијансата за Албанците ќе ги донесе своите одлуки и ќе ги објави во јавноста пред сите граѓани на Македонија, изјави Таравари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.