Новоизбраниот премиер Талат Џафери веднаш по неговиот избор се упати во ТВ студио каде го даде и првото телевизиско интервју како премиер на Македонија. Неговата партија 28-ми јануари го слави како историски ден.
Голем број на реакции на друштвените мрежи од новинари поради таквата постапка на Талат Џафери. Според пишувањата, тој дал ТВ интервју пред двајца новинари едниот од Косово другиот од Албанија.
Зошто Џафери ги игнорирал македонскиот новинари и новинарит кои известуваа од 27-ми април кога беше нападнато Собранието и во тешки околности избран Талат Џафери останува нејасно.
И неговиот прв денешен говор беше на албански јазик, а потоа на македонски јазик, за што исто така имаше забелешки.
Голем број на медиуми од Косово и Албанија денеска беа присутни и во зградата на Собранието, при што преку директни отворени студија ја пренесуваа сликата од изборот на првиот премиер Албанец во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.