САД ни се стратешки партнер, официјализиран со соодветен билатерален договор, и секако дека сознијата, постапувањата и пораките што ги праќаат се пораки што сериозно треба да се земат во предвид. Како претседател на Собранието и како Собрание, немам причина да поставам дилема за извештајот, рече на брифингот со новинарите денеска претседателот на Собранието Талат Џафери запрашан за став во врска со случувањата поврзани со градоначалникот на Струга Рамиз Мерко, кој е ставен на црна листа на САД заради корупција.
Подоцна во официјална изјава за медиумите, Џафери рече дека: ставовите на дипломатските претставништва во земјава не се предмет на оценка на Собранието.
Претходно на брифингот за новинарите за статусот на Мерко во партијата ДУИ, рече дека тоа е лична работа на засегнатото лице и дека тој се изјаснил дека ги става во мирување сите активности во партијата, како член, и последната изјава му е дека институциите треба да делуваат и да се потврди или да се отфрли констатацијата од извештајот на Стејт департментот.
Во однос на поднесување или барање за оставка од градоначалничката фунција на Мерко, исклучување и делувањето на ДУИ, Џафери, кој е дел од највисокото раководство на партијата, упатува на нејзиниот статут. Тој укажува дека сега надлежностите се кај други институции и се додека не се докаже нешто, важи пресумпцијата на невиност.
Џафери не сакаше да ги коментира и информациите за купувањето на Соравиа од внукот на Али Ахмети. За тоа има институции, вели Џафери.
Според него, нема потреба партијата да прави нешто, туку институциите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.