Во дебатната емисија „Click Plus“ на ТВ21 на прашањето колкав е процентот на тие образовните работници кои протестираат, министерот за Образование Јетон Шаќири рече дека не може да лицитира со проценти, но според неговите информации не сите школи се во штрајк.

Според него поголем е процентот на средните училишта кои протестираат, додека кај основните тој процент е помал.

На ова реплицираше потпретседателот на СОНК, Тафа Амети кој рече дека според нивните информации целата држава е во штрајк.

Тој исто така спомена дека некаде се соочуваат и со директни закани на некои места за штрајкот да не се одржи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.