Претседателот на ДПА Мендух Тачи пред лидерската средба во Собранието изјави дека со добар дијалог треба да се постигне договор за уставните измени и дека нема друг пат да се деблокира интеграцискиот процес.

За тоа дали и тие имаат услови како другите партии на Албанците, Тачи рече дека тргањето на 20 проценти од Уставот е нивен предлог, но оти исто така сега не е време за уцени.

Јас секогаш викам дека сум полош од сите, не ме ставајте во такви формулации. Јас не знам кои се тие останати политички партии на Албанците. Ако мислите дека тоа е БЕСА, за мене тие се се уште дел од коалицијата со СДСМ. Да, тоа е нашиот предлог. Многу е лошо кога книгата вие ја пишувате ќе ја предава некој друг на универзитет. Тоа е крадење платформа, крадење на една идеја. Мислам дека е време да се разговара веќе јавно за идентитетот на Албанците да станат дел од правните норми на нашата држава – рече Тачи, додавајќи дека сепак сега не е време за услови и за уцени.

Според него, „не е моментот да се дава оружје на рака на противниците на интеграцискиот процес“ и дали се тие многу или малку за него не е толку важно.

Јас разговарав со господинот Ахмeти за оваа тема, ќе продолжиме да разговараме, но ние немаме никаков услов. И тоа треба многу јасно да се кажува. После ќе раговараме исто како што разговаравме со господинот Ахмети и со нашиот коалиционен партнер и со македонската опозиција. Имаме јаки аргументи, но не е моментот да се воспоставуват услови или рокови. Ова е многу поголем процес од оваа другото – рече лидерот на ДПА Тачи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.