Премиерот Димитар Ковачевски е на голема мака. Како да се спаси од незгодните прашања на новинарите, па си одбра нова тактика, или пак му ја смислија неговите „пиарџии“ , а тоа е да не испраќаат покани до новинарите за тоа каде ќе биде тој ден во посета.
Па така, денеска премиерот Таче беше во посета на фирмата „ИТГМА“ во населбата Карпош, но за тоа немаше никаква најава на државната МИА ниту на службените мејлови на медиумите.
За да изгледа колку што е можно поспонтано, неколкумина од тимот на Ковачевски стојат зад него за да прават гужва. Имаше и неколку владини камери. Кому ли му текнало ваква „оригинална“ идеја?
Уплавот на Ковачевски и бегањето на од медиумите е поради настанот од пред неколку дена во Богданци кога еден новинар се дрзна да го праша премиерот кој од од двата предлози за уставни измени на ВМРО-ДПМНЕ ги прифаќа. Замислете, колку страшно прашање.
Ковачевски наместо да одговори на прашањето, постави контрапрашање од кој медиум доаѓа новинарот. Како тоа да е важно.
„Република“ денеска сакаше да го праша т.н. премиер кога уставните измени ќе ги прати во Собрание ако тврди дека ВМРО-ДПМНЕ прифатиле уставни измени, но не знаевме дека ќе биде во Карпош.
А да, и ќе го прашавме зошто „Република“ не беше меѓу повиканите медиуми на брифингот кој го држеше пред неколку дена во Владата.
Таче, те разбираме, нашите прашања се навистина незгодни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.