Главниот координативен кризен штаб вечерва ќе заседава и ќе треба да донесе предлог за тоа како да започне второто полугодие од учебната година.

Потоа, донесениот предлог ќе треба да го достави до Владата која на седница ќе треба да ја донесе конечната одлука. Владината седница за ова прашање можно е да биде свикана и доцна вечерва.

Комисијата за заразни болести заседаваше денеска зад затворени врати и неофицијалните информации се дека тие предложиле почетокот на второто полугодие со физичко присуство, без одложување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.