Студентот Ѓорѓи Стојков од Кавадарци го фати светиот крст во реката Луда Мара на денешниот верски празник Богојавление-Водици.

Тој има дваесет години, појасни дека ова му било втор обид и изрази задоволство што успеал.

На сите верници им посакувам здравје и среќа. Благослов, бериќет и се најдобро. За многу години, Бог се јави, рече тој.

Отец Мартин Деневски се заблагодари што се повеќе и повеќе се полнат храмовите и изрази надеж дека пандемијата од коронавирус ќе ја снема за брзо време.

Стојков доби пригодни подароци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.