Двајца припадници на Агенцијата за национална безбедност, кои се дел од одделот за стратешка соработка, се суспендирани поради случајот со украинскиот бизнисмен Олександр Онишченко, неофицијално дознава „Фокус“. Станува збор за началничката и вработен во секторот. За суспензијата ќе одлучува дисциплинска комисија во АНБ затоа што во агенцијата веќе подолго време нема раководител за внатрешна контрола. Поради овој недостаток никој не може да покрене одговорност и на првите луѓе на АНБ, пишува МКД.мк.
Директорот на АНБ Виктор Димовски реферираше на седница на матичната собраниска комисија дека службеник не ја извршил потребната меѓународна консултација со НАТО-партнерите пред да даде согласност дека нема безбедносен ризик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.