Судскиот совет на денешната 436-та седница го реизбра судијата Хасан Асани за претседател на Основниот суд Тетово.
Судијата Хасан Асани, кој доаѓа од Основниот суд Тетово, беше избран со 9 гласа „за“ и три против.
На огласот, иако биле пријавени тројца кандидати, само Асани доставил комплетна документација.
Судскиот совет, претходно на денешната седница избра и двајца судии во Врховниот суд и двајца судии во Апелационен суд Гостивар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.