Судскиот совет даде поддршка на Мирјана Лазарова Трајковска за нејзина номинација како кандидат за судија во Меѓународниот кривичен суд.

Барањето, како што информира Судскиот совет, било разгледано денеска на итна седница.

Разгледано е Барањето за номинација на кандидат за судија во Меѓународен кривичен суд и дадена е поддршка на номинацијата за Мирјана Лазарова Трајковска, судија на Врховен суд, се вели во информацијата објавен на веб страницата на Судски совет.

На денешната итна 434-та седница, било расправано по доставени дописи од Врховниот суд  и одлучено е да не се доставуваат списи по предметите до Врховниот суд.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.