Родилка раѓајќи го својот син на тетовска гинекологија, остана без матка, потсетуваат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека за овој хорор кој таа го поминала во Клиничката болница Тетово на гинекологија, од 2021г до денес никој од институциите не ја контактирал.

Нема исход од извештајот од стручниот надзор, а нема ниту корективни мерки како резултат на истиот.

Каде се гласноговорниците на оваа Влада кои од уста не ги извадија женските права да се заинтересираат за овој случај?

Како постапи Министерството за здравство, Лекарска комора и ДСЗИ?

Постои ли Комитет за безбедно мајчинство и кои конкретни активности ги презема за овој случај?

Колку надзори се иницирани во последниве три години и во која фаза се извештаите од истите?

Кои корективни мерки се преземени во последните 3 години, во кои установи и зошто јавноста нема увид во истите?, прашуваат оттаму.

Од Комисијата потсетуваат дека неодамна во болницата во Прилеп почина жена по рутинска интервенција за која, како што велат, исто така нема стручен надзор и не се преземаат мерки за надминување на аномалиите.

На овој начин преку системско непреземање мерки, штетата е на грбот на пациентите и целиот здравствен систем и за ова веднаш е потребно преземање колективна одговорност, велат од Комсиијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.