Основниот Суд Охрид ја донесе пресудата дека адвокатот Тони Менкиноски се ослободува од одговорност за истакнување на големо знаме со сонцето од Вергина на Самоиловата тврдина во Охрид, лани за време на празнувањето на Водици.
Според судот, адвокатот Менкиноски не ги изложил на подбив државните симболи на Македонија или симболите на припадниците на заедниците, уште повеќе што на тоа место немало поставени други симболи на државата или на друга држава.
Лани на 20 јануари, за време на празнувањето на Водици во Охрид, за малку бил избегнат инцидент кога 40 метарското знаме со сонцето од Кутлеш, поставени на дел од бедемот на Самоиловата тврдина кај Долна порта полицијата барала да се тргне.
Група средношколци и студенти од Охрид побараа да го извадам знамето, јас им излегов во пресрет и тие го развиорија на ѕидините, изјави тогаш адвокатот Тони Менкиноски.
Тогаш против него полицијата поднесе прекршочна пријава за нарушување на јавниот ред и мир.
Полицијата дојде и сакаше да го тргне знамето. Луѓето кои го поставија знамето бурно реагораа. Полицијата мене ме запиша како подносител. Јас им побарав да донесат наредба дека треба да го тргнеме знамето, побарав писмен документ, изјави тогаш Менкиноски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.