Судскиот совет реагира на изјавата на министерот за правда, Кренар Лога, во врска со кандидатката за претседател на Основниот суд во Куманово, Снежана Манева, дека „судија што не положил психолошки тест за личност и тест за интегритет, не може веднаш повторно да полага“.
Советот ја информира јавноста дека на 13.07.2023 година доби допис од Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, со кој ова тело се известува дека споменатата кандидатка на 04.07.2023 година не била во можност до крај самостојно да го пополнува психолошкиот тест на личност и тестот за интегритет. Од тие причини, стручните лица од Институтот препорачуваат канидидатката „повторно да го пополни тестирањето целосно самостојно во времетраење од два часа на 14.07 во 11 часот, стои во соопштението од Судски совет.
Дополнуваат дека Советот, расправајќи по дописот, на работен состанок оценил дека ова прашање е во надлежност на Институтот и, како што наведуваат, смета дека е потребно до Советот да доставите известување за исходот од целокупната постапка по спроведениот психолошки тест на личност и тест на интегритет.
За ваквиот став на 13.07 2023 година со допис е известен Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, наведуваат од Судски совет.
Оттамму велат дека зачудува барањето на министерот Лога, Советот да постапи согласно законските надлежности во врска со мислењето на Институтот за судијата Манев повторно да има право да полага.
Судскиот совет ниту дал одобрение да се спроведе повторен тест, ниту, пак, има официјална информација дали кандидатката повторно полагала, бидејќи тоа не е нејзина надлежност, дополнуваат оттаму, потенцирајќи дека во оној момент кога ќе добијат известување од надлежната институција што ги спроведува тестовите, ќе може да знаат кој од кандидатите ги исполнил сите законски услови за избор на претседател на суд или судија.
Реакцијата следува по дописот до Судскиот советод министерот за правда, Кренар Лога, во кој се бара Советот да постапи согласно законските надлежности во врска со мислењето дадено од страна на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања-Скопје, за судијата Снежана Манев повторно да има право да полага психолошки тест за личност и тест за интегритет.
Од Министерството за правда претходно соопштија дека во мислењето на Институтот е наведено дека Снежана Манев, кандидатка за Претседател на суд, била тестирана на 04.07.2023 година, но, поради замор манифестиран во тестовна ситуација не била во можност до крај самостојно да го пополнува психолошкиот тест на личност и тестот за интегритет поради што стручните лица препорачуваат таа повторно да полага на 14.07.2023 год.
Укажуваме дека со ваквото постапување се создава нова незаконита пракса за лице што веќе еднаш не го положила тестот да добие можност повторно да го полага истиот. Воедно, со ваквата постапка од субјективни причини се отвора прашањето, дали на судијата Манев ѝ е овозможено да полага тест за интегритет спротивно на законските одредби, посочија од Министерството за правда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.