Во рамките на хуманитарната кампања на Стопанската комора на Македонија-Турција (МАТТО) – „Споделувањето ја намалува болката“, испратени се 28 шлепери со помош за настраданите во катастрофалниот земјотрес на 6 февруари.

Досега вкупно се собрани и 250.000 евра кои се префрлени на сметката на Центарот за управување со катастрофи и вонредни состојби на Турција (АФАТ).

Покрај финансиската поддршка од страна на членовите на МАТТО, испратени се и ќебиња, грејни тела, нова зимска облека, пелени, бебешка храна, вода, градежна машина – багер.

Од МАТТО посочуваат дека хуманитарната кампања продолжува и понатаму. Донации можат да се уплатат на следните сметки:

– МКД сметка: 270-0641538507-69

– Ибан: MK07270722000058274

– Свифт: EXPCMK22



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.