Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, за време на работната посета на Србија ја посети македонската Амбасада во Белград, каде оствари средба со вршителот на работите во Амбасадата, Михаела Веселинов

Од МВР информираат дека на средбата се разговарало за напредокот на регионалната иницијатива Отворен Балкан, почната од Македонија, Србија и Албанија, со цел солидарност и добрососедство, а во функција на унапредување на регионалната соработка и олеснување на движењето на луѓе, стоки и услуги, за подобар живот и стандард на нашите граѓани.

Спасовски ја потврдил заложбата на МВР да се слуша гласот на секој македонски иселеник во странство.

МВР е вистински сервис за граѓаните, со ефикасен и економичен одговор за потребите на граѓаните. Секој еден наш граѓанин во дијаспората е важен, продолжуваме со иницирање и забрзување на веќе отпочнатите активности, во насока на подобрување на услугите на нашите граѓани во државите во кои живеат, истакнал Спасовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.