Нема да дозволам заради политички поени на одредени партии и поединци да трпи интересот на граѓаните! – нагласи градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, во неговото обраќање пред советниците каде ги објаснува сите детали за Урбанистичкиот план СЗ 16.

Според него, со урбанизирање на овој дел од општината се овозможува изградба на:

-Локација за ново основно училиште
-Локација за нова детска градинка
-Нови зелени површини од минимум 140.000м2 во срцето на Ѓорче Петров
-Нови детски игралишта
-Нов спортски центар
-Ново булеварско решение
-Нов трговски центар
-Нови развојни погони
-Катна гаража

Стојкоски рече дека овој план ги исполнува сите урбанистички норми и ќе претставува пример како секој план треба да биде донесуван во партнерство со граѓаните. За овој план позитивно мислење покрај граѓаните, дадоа сите вклучени институции, вклучувајќи ги и Министерството за транспорт и врски и Министерството за одбрана, додаде тој.

-Советот на Општина Ѓорче Петров на седницата го усвои овој план без ниту еден глас против со што општината во овој дел ќе прерасне во едно модерно и урбано место да живеење, место со кое што сите ќе се гордееме и ќе биде ликот на општината, рече градоначалникот на Ѓорче Петров.

Тој потенцираше дека “најгласните” советници не се ни одважија да присуствуваат на седницата и да го кажат своето мислење таму.

Од овој момент натаму секој кој што ќе сака да добива ситни политички поени на овој начин ќе го повикам да ја водиме дебатата директно пред граѓаните на населбата Александрија наместо во удобните општински простории, па на лице место да ги соочиме аргументите. Промените се започнати и нема да запрат. Ќе реализираме уште многу проекти за подобро, поубаво и пофункционално Ѓорче Петров! – истакна Стојкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.