Нема повеќе обвинители и судии кои се на услуга на бизнис криминалните елити, истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски на денешната прес конференција запрашан за тоа каков е планот на ВМРО-ДПМНЕ со 40-те препораки од Оценската мисија на ЕУ за реформи во Судскиот совет, дали ќе се имплементираат сега или ќе се чека евентуално распуштање на Советот?

Тој продолжи и додаде:

Распуштањето на советот е мерка од која не се откажуваме впрочем тоа беше и наше ветување пред граѓаните кое доби поддршка. Во меѓувреме треба да се има во предвид дека отпорот за ваквиот чекор е најголем од тие на кои им служи трулиот судско обвинителски систем и на кои им одговараат институциите под 2 проценти доверба – посочи Стојаноски.

Тој потенцираше дека секој предлог и идеја која ќе значи промена е добредојден, но воедно тоа не значи и откажување од заложбата да се променат и подобрат работите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.