„Рекордот од Брвеница посебно ме радува, затоа што докажува дека тука – во Брвеница нема никаков проблем со тоа што живеат различни националности, бидејќи сите тие направија избор со кој покажаа дека се задоволни од работата и посветеноста на градоначалникот Јовица, без разлика на неговата партиска или политичка определба. Јовица, ова треба исклучително да го цениш и негуваш, иако сум свесна и имам на дело видено дека токму со личен пример самиот не правеше никаква разлика спрема жителите и населените места. Градеше и помагаше подеднакво секому и секаде. Водеше кампања откако стана градоначалник, а неговото мото на кампањата е само работа, постојан контакт со жителите и покажување слух и внимание за нивните барања. Резултатот го видовме на 24-ти април. Резултатот ќе го видиме и на 8-ми мај“, истакна Дафина Стојаноска, носител на изборна единица 6 од митингот во Брвеница.

Стојаноска додаде дека на актуелнава аздисана власт и’ се случи народ. Не е свесна, кутрата, дека ќе и’ се случи уште повеќе народ. Бројноста и излезноста се пркос на нејзината неспособност и ароганција.

Сме немале понеспособни Влади од последните. Сме немале полоши претставници надвор од Македонија, од овие досегашните. Сме немале толку срам и понижувања видено и доживеано, колку што тоа ни се случуваше изминативе 7 години. Сите вредности ги испревртеа и срушија. Владееја само со моќ и надгласувања. Ги избркаа паметните, за да не слушаат нивни совети и критики. Завладеаја со просечност и потпросечност, со сомнителни дипломи, уште посомнителни тендери и со никаква одговорност. Институциите им служеа како приватни фирми, а министерствата ги претворија во спортски игралишта и игротеки. Аздисаа без мерка и усул. Ете затоа им се случи народ“, рече таа.

Да ве потсетам на програмата „Платформа 1198“ и на проектите кои се однесуваат за општина Брвеница, а тоа се: ново училиште во село Брвеница и доградба на градинката за згрижување на повеќе од 60 деца, спортска сала и градинка во Челопек. Проекти кои вие сте ги побарале, а ВМРО-ДПМНЕ ги пресмета и испланира за наредните 4 години“, истакна Стојаноска.

Таа укажа дека со ВМРО-ДПМНЕ пополека ќе ја врати насмевката на пензионерите, на кои во првата година ќе им ги зголеми пензиите за 5.000 денари.

Време е Македонија да се исправи и да ја започне обновата. Македонија станува твоја, а не заробеник на мафијата. Македонија станува европска, по почитување на закони и нивно имплементирање. Македонија станува светска, затоа што има богата историја и култура. Најважно, Македонија се враќа во рацете на луѓето и суверенот. За тоа ќе се погрижат идната претседателка Силјановска Давкова и идниот премиер Христијан Мицкоски, додаде Стојаноска.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.