Носителката во Изборна единица 6 од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, во емисијата „Аргумент“ на 24ТВ истакна дека СДСМ е реалниот проблем на граѓаните.
Стојаноска потсети дека седум години актуелната власт ништо не направи за доброто на граѓаните и порача дека затоа по 8 мај ќе заминат во длабока опозиција.
Таква енергетска криза која што ја имаше Македонија немаше никаде во регионот. Македонија со такви ресурси, актуелната власт ја направи зависна од увоз на струја“, посочи Стојаноска говорејќи како актуелната власта не направи ништо за справување со енергетската криза туку ја продлабочија.
Стојаноска истакна дека е доцна веќе било што да се слуша од страна на актуелната власт бидејќи имаше доволно време, односно седум години за да покаже храброст и одлучност.
Таа додаде дека власта единствено служеше само за склучување на штетни договори, при што порача – „Аспирациите на ВМРО-ДПМНЕ се што поскоро Македонија да влезе во ЕУ, но не уценети и не условени“.
Очекувам уште поголема излезност на граѓаните на гласање и уште поголемо заокружување двапати на бројот 2“, истакна Стојаноска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.