Имаме предлог на закон за изменување и дополнување на законот за работни односи по скратена постапка и со европско знаменце. Истиот или речиси истиот овој предлог беше доставен до Собранието и претходниот месец, но од страна на пратеници од владејачкото мнозинство. Разликата меѓу овие два предлога е што сега предлагач е Владата и што сега му е додадена односно злоупотребено европското знаменце“, истакна Дафина Стојаноска, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница.

Стојаноска додаде дека иако првичниот предлог ја крена на нозе целата македонска јавност особено синдикалните организации, за вториот дополнително реагираше и ЕУ, како и меѓународната конфедерација на синдикати.

Опозицијата пак постојано реагира, но за власта единствен изговор дека на опозицијата и било работа да ја критикува власта. Да беше се во ред со овој и со останатите предложени законски измени кои се однесуваат на фамозниот договор со „Бехтел и Енка“ очекувано и редно ќе беше макар и еден претставник на власта да даде еден добар контра аргумент на сите овие реакции, и да нѐ демантира со макар еден факт. Тоа се нема случено, не се очекува ниту да се случи бидејќи не може да се има аргумент кога ниту еден од пратениците на мнозинството го немаат видено потпишаниот договор. А, како што и самиот  заменик министер за труд и социјална политика во петокот си кажа иако потпишан на приложената празна коренсподентна табела за усогласување на овој закон со европското законодавство, ниту тој го видел договорот“, рече пратеничката.

Еве за каков европски фронт станува збор во ова владејачко мнозинство. Станува збор за европски фолиранти кои на невидено поднесоа предлози на закони па ги повлекоа, за да денес расправаме по истите тие предлози но сега потпишани од страна на Владата и нејзиниот „величествен“ претставник. До толку работата е отидена во криминал и корупција што дури и се оди против донесена одлука на Уставен суд во јули месец минатата година со која не смее да се зголеми работното време во Македонија повеќе од 40 часа неделно“, заклучи таа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.